Овие празнични мигови нека ги исполнат вашите домови со неизмерна љубов и радост, а вербата во Бога нека ви донесе спокој за вас и вашите најблиски, вели во честитката градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод Христовото раѓање – Божиќ упатена до верниците од католичката вероисповед.
Во духот на христијанските пораки посакувам заедно да создаваме подобро општество, во кое ќе ги издигнуваме вистинските животни вредности. Толеранцијата и хуманоста се две силно соединети сили кои го збогатуваат човештвото, а во секој чин на добротворност сјае силна искра на надеж за подобра иднина. Да продолжиме да бидеме сплотени и постојано да го споделуваме божјиот благослов! Нека е за многу години големиот празник, додава во честитката градоначалникот Пецаков.
OhridNews