Денешната акција за гасење на пожарите се одвива согласно претходно договореното. Сите екипи се на терен и од рано утринава активно се гаси. На помош денеска дејствуваат и два хеликоптери на МВР и АРМ, како и три авиони за гасење пожар, информира градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. Тој посочи дека се преземенби мерки со цел да се спречи ширењето на пожарот кон населените места и апелираше да не се шират дезинформации.
Во текот на вчерашниот ден беше направен земјен појас над селата што ќе спречи ширење на огнот кон населените места. Апелирам до сите за воздржување од ширење на дезинформации поврзани со пожарите, како не би настанала непотребна паника помеѓу жителите, истакна Пецаков.
Г.М.