По повод празникот Рождество Христово – Божиќ, честитка до граѓаните од православна вероисповед упати градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.

Драги мои сограѓани ви го честитам најголемиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ нека биде среќен и благословен полн со радост и мир.

Исусовата љубов нека ве загрее, а неговата милост нека ви даде снага да го надминете секое искушение и предизвик.

Божиќ е празник кој ја симболизира љубовта, добрината, мирот и помирувањето го поттикнува духот на разбирањето, взаемното почитување и религиозните посебности. Ова е ден кога се истакнуваат семејните вредности, заедништвото и сплотеноста. Токму затоа посакувам овој празник да го минете со најблиските. Дарувајте љубов за да бидете љубени и имајте позитивна мисла за личен и напредок на луѓето околу вас.

Вербата, надежта и љубовта нека бидат нашите ѕвезди водилки во овој божиќен ден.

Христос се роди!

Честит Божиќ!