По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница во градов.
Ромите заземаат значајно место во шареноликоста на нашето мултиетничко општество. Токму затоа активно работиме на подобрување на нивната севкупна положба, на подобрување на поширокиот екoномски и социјален статус кој зависи од нивното постојано и квалитетно образование. Образованието е основниот услов за нивниот напредок и обезбедување подобар живот.
Честитајќи ви го празникот, ве уверувам дека ќе се вклучувам во сите предизвици за заеднички и посветено да ги надминеме предрасудите. Подобрувањето на севкупната положба на Ромите значи и промоција на недискриминацијата преку почитување на традиционалните вредности и длабокото разбирање на културните особености на оваа заедница – се вели во честитката на градоначалникот Пецаков.
OhridNews