Политичките партии ги почнаа активностите за претстојните локални избори што ќе се одржат на есен.
“Фокус” повикувајќи се на партиски извори објави дека ВМРО ДПМНЕ на локалните избори во Охрид повторно ќе го кандидира актуелниот градоначалник Кирил Пецаков.
Неделава лидерот на владејачката партија и премиер Христијан Мицкоски, изјави дека партијата ги очекува предлозите на комитетите и ќе ги анализира потенцијалните кандидати, вклучително и нивниот рејтинг, по што ќе биде донесена одлука околу настапот на претстојните локални избори.
Г.М.