Охридскиот атлетски маратон последниве години беше главна спортска свеченост со која се одбележуваше 8 септември, Денот на Независнота на Македонија. Организаторите во 2019 година најавија дека тоа ќе биде последно издание под такви околности во кои тропаа од врата на врата барајќи помош и поддршка.
Претседателот на Здружението кое од 2004 го организираше маратонот Пецо Неданов со емитовно писмо и се обрати на јавност со надеж дека ќе дојдат подобри времиња за манифестацијата со децениска традиција.
Би сакал само да потсетам дека денес требаше да се одржи 34-то издание на маратонот, но како што најавив традицијата мораше да ја прекинеме. Мислам дека доволно направивме за градот Охрид и државата во последните 15-тина години. Го обновивме маратонот после десет години пауза и дадовме се од себе да го доближеме до сите. Се надевам дека некои ентузијасти нема да чекаат 10 години за да ја продолжат традицијата и да го обноват спортскиот настан кој е синоним за Денот на Независноста на Македонија, – вели во соопштението Пецо Неданов.
Старт на маратонот долг 30 километри беше во Св. Наум, а финиш на градскиот плоштад. Маратонот беше примамлив за атлетичари од Европа и од азиските земји, кои рушеа рекорди и бариери на охридскиот маратон. Рекордер со најмногу победи вкупно пет e Живко Стојчески.
OhridNews