Печатот од кинескиот цар е продаден во саботата на аукција во Франција на непознат Кинез за 4.7 милиони евра, што е светски рекорд за еден печат.
Тоа е светски рекорд за еден печат и европски рекорд за некој кинески предмет, изјавил водителот на аукцијата, кој бил изненаден од таквата цена на наддавањето кое се одржало пред 200 луѓе во Тулуз.
Со почетна цена од 300 илјади евра, печатот на крај е продаден на непознат купувач, или купувачи, од Кина, кои се натпреварувале по телефон. Со трошоците на аукцијата, вкупната цена на печатот е поголема од 5 милиони евра. Печатот е изработен од стеатит без боја и е тежок скоро 3 килограми. Тој е еден од личните печати на царот, современик на францускиот крал Луј 14 (17 век) и се сметал за исчезнат додека не е пронајден во дното на еден ормар во Тулуз.