Започнаa подготовките за овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. За таа цел денеска во просториите на Општина Охрид градоначалникот Кирил Пецаков одржа координативен состанок со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, претставници на Локалната самоуправа, претставници на охридските пливачки клубови и претставници од пливачката федерација на Македонија.

На состанокот се разговараше околу прецизирање, распределба на обврските и за формирање на организационен одбор со цел успешна организација на Охридскиот пливачки маратон. Уште еднаш ја истакнав важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот и ја потенцирав силната поддршка што Локалната самоуправа ја дава за успешно издание на Охридскиот пливачки маратон, информира Пецаков.

При тоа од страна на градоначалникот било побарано од сите инволвирани во организација на маратон сериозно и максимално да се посветат со цел да има беспрекорно издание на маратонот.

Инаку, според последните информации Охридскиот пливачки маратон треба да се одржи во септември. Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон од 10 000 евра ќе биде покриен од страна на Агенцијата за млади и спорт, а за целиот останат трошок поврзан со одржувањето на маратонот, Советот на Општина Охрид ќе донесе Одлука за доделување на 2 000 000 денари од страна на Општина Охрид.

OhridNews