Опозицијата се сомнева дека на советот му се подметнуваат сомнителни одлуки за легализација на имоти кои се на штета на граѓаните и бара да се зајакнат контролата и механизмите на заштита на јавниот интерес. Советниците не можат да бидат полицајци, потребни се измени во процедурата за легализација, вели координаторот на советнилчката група на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков.