Новоизбраниот градоначалник на Општина Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните по повод 7 Ноември – Денот на ослободување на Охрид.

77 години слободен Охрид  се години врежани во историјата на Македонија и години аманет за создавање нова и светла иднина на Охрид. Храброста и херојските подвизи на борците против фашизмот никогаш нема да бидат заборавени, а слободата на Охрид за која се бореле ќе ни биде вечна. Слободата, која е симбол на непокор и пркос претставува заеднички долг кон нашите предци и вечен завет кон идните поколенија, се вели во честитката од Пецаков. 

OhridNews