За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков.

Пред жителите на овие населби се обврзуваме на изградба на ново мултифункционално спортско игралиште. Асфалтирање на улици и краци во населбата Гоце Делчев-Бараки. Измена и дополнување на ДУП за 11-та и 12-та Урбана Заедница. Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците ,,Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”. Изведба на атмосферска канализација на улиците „Ристо Чадо”, ,,Прва ударна македонска бригада” и „Андреја Јованоски”, вели Пецаков.

Реконструкција на улиците „Андреја Јованоски” и „Живко Чинго”. Проекти за кои гарантираме реализација во населба Радојца Новичиќ:

Партерно уредување на коритото на река Сушица. Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“. Асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“. Ние, сите заедно, со народот сме силата која единствено може да направи промени, вели Пецаков.

Додава дека на 31 октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина.

OhridNews