Политичко-економската ситуација во Македонија, а посебно актуелната состојба на Општина Охрид и работењето на локалната самоуправа во фокусот на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецаков, со амбасадорот на Словенија во Македонија, Н.Е. Милан Предан.

Градоначалникот Пецаков го информира словенчкиот дипломат за тековните активности и проекти кои ги спроведува Општина Охрид и за очекувањата од престојната туристичка сезона. Амбасадорот Предан изрази подготвеност, Словенија преку CMSR – Центарот за меѓународна развојна соработка да донира средства во висина од 140 илјади евра на ЈП „Водовод“ за филтри за пречистителни станици, информираат од Општина Охрид.

Заеднички бил ставот дека Општина Охрид има одлична соработка со Амбасадата на Словенија и дека постои простор таа да се зајакнвуа и продлабочува.

OhridNews