Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософтициран лик на општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување, рече на денешната прес конференција Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид, од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Обезбедување на проектна документација за поставување на фотоволтаични панели наменети за ридско планинските места. Обезбедувањето сигурни и стабилни извори на енергија станува еден од најголемите проблеми со кој се соочува развојот на современите технологии за производство на електрична енергија. Наша определба е да вложуваме во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, истакна Пецаков.
Додаде дека во таа насока ќе обезбедат проектна документација за поставување фотоволтаични панели наменети за ридско-планинските места кои што не можат да се користат за други намени.
Со поставување на фороволтаични панели значително се намалуваат трошоците за електрична енергија, се зголемува вредноста на објектите и се дава значителен придонес кон заштитата на животната средина. Технолошкиот напредок докажа дека фотоволтаичните панели не само што се прифатлива опција, туку се и најлогичен чекор којшто може да се преземе за да се заштеди енергија, додава Пецаков.
Проектот опфаќа поставување на фотоволтаични панели на спортските објекти со чие поставување ќе се добие поголема енергетска ефикасност, а истите ќе бидат поставени на СРЦ „Билјанини извори“, на базенот и на трибината на Градскиот стадион.
Н.С.Ј.