Градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна среба со амбасадорката на САД во државава, Кејт Мари Брнз. На средбата било разговарано за веќе воспоставена добра меѓусебна соработка, но и за можностите за продлабочување на соработката во повеќе области.
Амбасадорката ми ги пренесе искуствата од државата Вермонт во развојот на екотуризмот кои целосно може да се применат и во Охрид, како и дека постои можност и за соработка во областа на образованието со оваа држава. Ја информирав амбасадорката за планот и динамиката во реализирањето на предвидените инфраструктурни и капитални проекти, како и за ставот за продолжување со работа во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО, информираше Пецаков.
Тој додава дека Брнз ја истакнала својата поддршка за заложбите за зачувување на универзалните вредности и јавното добро.
На средбата било разговарано и за актуелни локални теми како и за предизвиците во развојот на туризмот во пандемскиот период. Заеднички беше потенцирано дека во иднина меѓусебната соработка ќе се унапредува во повеќе области.
OhridNews