Спортот е нашиот најголем промотор, а децата нашата иднина. Правилниот психофизички развој на децата, професионалците, гостите ќе биде императив, истакна советникот од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Како дел од програмата За убав град, најави инвестирање во спортската инфраструктура, нова современа трибина и соблекувални на Билјанини Извори, со простории за Атлетски клуб Охрид и ОФС Охрид.
- Охридските спортски клубови ќе добиваат финансиска поддршка од новата Локалната власт. Ќе ги поддржиме спортските клубови со цел поголем интерес за спортот и зголемување на спортските навики кај младите. Организирање спортски натпревари, турнири и училишни лиги во сите спортови како и унапредување на училишните спортски клубови. Поддршка и развој на сите школи за спорт во градот, како и на сите спортови во градот без исклучок, врз основа на рангот во којшто учествуваат и врз основа на резултатите коишто ги постигнуваат, рече Пецаков.
Најави поддршка на спортовите на планина, како и на сите други видови спорт, пред се атлетиката, пливањето.
- Покрај Спортската академија во Скопје, ќе продолжи со работа дисперзираната паралелка по фудбал на Спортската академија и во Охрид со тенденција повторно отворање на паралелките за ракомет и кошарка, а зошто не и тенис. Учениците во средното образование, преку посебно обликуван образовен процес во кој посебен акцент и поголема застапеност има на практичниот дел (тренинг) да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на локалните клубови, но и на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис, рече Пецаков.
Го презентира и проектот за одржување Летен камп за деца од 6-16 години, чии активности би се одржувале под спортска палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона.
OhridNews