На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на која беа промовирани политиките на концептот „Македонија за сите луѓе“, кандидатот за градоначалник на град Охрид од ВМРО – ДПМНЕ Кирил Пецаков најави за охриѓани подобри и поубави времиња. Тој истакна дека и како кандидат за градоначалник на Охрид ќе направи се граѓаните на општина Охрид да се горди и да имаат подобри услови за живот. Тој кажа дека овие локални избори се од голема важност и дека од нив зависи промената на политичките сили на политичката сцена и, како што истакна,  пораз на националните понижувања од страна на СДСМ.

Во овие 4 години владеење на СДСМ и Заев видовме само национален срам и понижување особено во последната година после предвремените парламентарни избори видовме дека буквално не постојат ниту граници, а уште помалку национални чувства. Токму ова последново е мојата ѕвезда водилка во кандидатурата за градоначалник на Охрид и ми дава посебен мотив и искрена желба за успех затоа што сум убеден дека победа на локалните избори во Охрид ќе покрене и низа политички процеси вклучувајќи ја и промена на политичките сили на политиката сцена во Македонија. –  рече Пецаков.

Пецаков истакна дека со кандидатурата за градоначалник покрај мотив чувствува и чест, но и одговорност за дадената доверба од страна на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ,  претседателот Христијан Мицкоски и граѓаните. Порача дека главната цел на неговата кандидатура за градоначалник е да го направи Охрид поубаво место за живеење и место каде младите ја гледаат својата перспектива. Охрид да биде град и светска туристичка дестинација. Доколку ја добие довербата на граѓаните, најави дека фокусот ќе му биде на проекти и теми поврзани со борба против дивоградбите, урбанизирање на сите неурбанизирани населби во градот, изградба на велосипедски патеки, грижа за статусот на Охрид во УНЕСКО поддршка на угостителско туристичкиот сектор…

Охрид да биде светска туристичка дестинација град кој ќе блесне со сиот свој сјај. Мои Охриѓани бидете убедени дека никогаш нема да ве разочарам. Фокусот на она што ќе го одбележи мојот мандат ќе биде ставен на неколку главни теми и проекти поврзани со истите но секако дека динамиката на работата која што ќе биде наметната ќе биде можност за остварување на многу проекти кои што ќе ја променат и подобрат сликата за Охрид генерално. – истакна Пецаков.

Пецаков кажа дека граѓанинот и неговите потреби ќе бидат ставени во центарот на неговата кампања на претстојните локални избори.

Ќе имаме денови за проекти, идеи и секој граѓанин ќе може полноправно да учествува и да биде понатаму дел од програмата за локалните избори во Охрид. Народот е свесен, атмосферата и енергијата се тука треба да ги канализираме да сработиме и победата е тука, наша е, оптимистички го заврши обраќањето Пецаков на трибината што се одржа во исполнетиот Долни сарај.

OhridNews