Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Кирил Пецаков најавува ревитализација на Студечишкото Блато со што ќе се воспостави поврзаност помеѓу блатото и Охридското Езеро преку канали.
Просторот околу ќе биде партерно уреден со пешачки патеки и пропратни елементи, инфо табли со презентирани информации поврзани со блатото. На одредени точки предвидено е поставување и видиковци од каде што посетителите ќе добиваат подобра слика за целиот простор, напиша Пецаков.
Целта на овој проект е заштита на рибниот фонд, со посебен акцент на заштита на ендемичната охридска пастрмка, зголемување на протокот на вода, зачувување на растителниот и животинскиот свет, мрестот на крапот и гнездењето на птиците. На тој начин се обезбедува зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на општина Охрид во биосферен резерват, додава Пецаков.
OhridNews