Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков најавува реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со што граѓаните и туристите ќе добијат ново уредено катче.
Плоштадот „Крушевска Република“ ќе добие нов и модерен изглед. На плоштадот му е потребно дополнително уредување, треба да се постават канделабри и осветлување со лед светилки. Потребно е да се изгради фонтана, да бидат поставени садници и клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема во склоп на плоштадот, напиша Пецаков на неговиот официјален фејсбук профил.
Охрид заслужува да биде квалитетно место за живеење, со убаво уредени места каде што ќе се одржуваат познати културни и музички манифестации, како и места за одмор и релаксација, додава Пецаков.
OhridNews