Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков.
Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина, вели Пецаков.
Додава дека со овој проект освен задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед се подобрува и туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите.
OhridNews