Промените започнаа ги донесовте вие граѓаните. Нашите вистински херои од секојдневието кои ги живеат храбро препреките и ги надминуваат храбро предизвиците на нашето време. Нашите соседи, пријатели, како и сите околу нас, кои имаат срце за оваа земја и надеж за големи победи. Знам дека ви е доста од лошото владеење со градот, изневерени очекувања, и неисполнети ветувања, рече во завршното обраќање кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков.

Доста е со црните кампањи, уцените, заканите, со злоупотребите на полицијата, со купување гласови, со потценување на народот. Тие ви ветуваа многу, но ништо не сработија. Сега повторно се обидуваат да ве измамат. Не дозволувајте да ни украдат уште четири години од нашата иднина. Да се обединиме за заедничка цел. 31 октомври е денот кога одлучуваме за иднината, рече Пецаков.

Додава дека новата иднина има да донесе просперитет, ред и напредок за Охрид. На 31 октомври излезноста е клучот.

Затоа го повикувам тивкото мнозинство повторно да одбери и неговиот избор громогласно да одекне. Да направиме големи работи, големи чекори напред. Да ја создадеме иднината сега. Таа нова иднина која сите ние ја посакуваме. Израснав со охриѓани, живеам со охриѓани и има да работам за охриѓани. Сум бил и има да останам човек кој ги брани вашите интереси, додаде Пецаков.

Н.С.Ј.