Позитивните законски прописи мора вистински да се применуваат за правилна урбанизација, сите активности во иднина ќе се спроведуваат согласно законската регулатива, истакна денес кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Кирил Пецаков.

Гарантираме решавање на предметите за бесправно изградените објекти од 2011, 2015 и 2016 година. Во рок од две години ќе биде решен статусот на  оние предмети кои се заглавени во фиокаа, а имаат комплетна документација, додека сите останати предмети ќе бидат решени до крајот на четиригодишниот мандат, потенцираше Пецаков.

Тој најави прекин на праксата за селективно решавање на предметите за легализација и формирање комисија која ќе биде составена од  редовите на администрацијата, во чиј фокус ќе биде итно решавање на овие предмети, кои цели две години чекале да стигнат на дневен ред на Општина Охрид.

Ја повикувам целата администрација воопшто да не подлегнува на притисоците и лагите затоа што сум убеден дека има професионалци кои си ја сакаат својата работа и умеат да придонесат за развојот на градот, а со тоа гарантирам дека ќе биде вреднуван трудот на сите оние кои посветено работат, вели Пецаков.

На Охрид му треба ефикасна локална самоуправа за нови проекти и нова светла иднина, заклучи Пецаков и ги повика граѓаните да го дадат гласот за него за како што вели, Охрид да добие градоначалник од народот и за народот.

 

К.А.