Формирано новото мнозинство во Советот на Општина Охрид во состав ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ заедно со Левица и ,,Охрид пред сè”, информира градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
Вредни и професионални луѓе, докажани секој во својата област, водени од начелата на одговорна и чесна работа, како и посветеност за доброто на Охрид и охриѓани. Мнозинство кое е од народот и со народот базирано на принципиелна основа кое има цел подобро, поквалитетно живеење и исполнување на потребите и барањата на охриѓани. Приоритетот има да биде ставен на проектите кои доаѓаат од сите чинители на советничкото мнозинство преку програмските определби сплотени во заедничка визија за нова и светла иднина на Охрид. Новото мнозинство има да функционира по принципот на заедничка соработка со цел реализирање проекти кои се од интерес на охриѓани и исклучиво за доброто на Охрид, вели Пецаков.
Во Советот на општина Охрид има вкупно 23 советници од кои 10 од ВМРО ДПМНЕ, 8 од СДСМ, 2 од ДУИ и по еден советник од Левица, Охрид пред се и Охрид има план Б.
OhridNews
Пецаков во понеделник ја презема функцијата од Георгиески, формирано советничко мнозинство