Инвестирањето во спортскиот дух од најмали нозе кај децата е вистински влог во здравјето на нацијата. Затоа посветуваме огромно внимание и имаме слух за проекти од спортот и физичкото здравје кај младите, истакна на денешната прес конференција Кирил Пецаков, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, презентирајќи дел од изборната програма на кандидатот за градоначалник од оваа партија, Митре Милошевски.

Меѓу најзначајните проекти во програмата, Пецаков ја потенцира изградбата на 30 рекреативни зони, односно пет тениски терени, пет мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта.

  • Не застануваме со тоа, туку најавуваме уште еден проект: Изградба на спортски и детски игралишта. Во Велгошти: модерно спортско игралиште со гумена подлога, детско игралиште и рекреативна фитнес зона. Во Елшани: изградба на детско игралиште со уредување на околниот простор, спортско игралиште опремено со реквизити за неколку спортови и модерно осветлување, игралиште опремено со детски реквизити во рамки на основното училиште. Во Долно Коњско: спортско и детско игралиште. Изградба на спортско и детско игралиште опремени со реквизити како и осветлување според најсовремени спортски стандарди, информира Пецаков.

Предвидена е и реконтрукција на повеќенаменско спортско игралиште и изградба на простор за трибина во Пештани, а во Урбана Заедница „Железничка“ изградба на повеќенаменско спортско игралиште со сите реквизити и балон сала за фудбал со вештачка трева.

  • Преку изградбата и реконструкцијата, опремувањето на спортските сали, фудбалските и тениски игралишта, организирањето и субвенционирањето на голем спортски настани, поддршката на спортските таленти диектно придонесуваме за правилен психо-физички развој на децата, професионалците и гостите, рече Пецаков.

OhridNews