Секогаш сум на вашата страна затоа што сте наша гордост, наша надеж и наша иднина. Вие сте сегашноста и иднината на градот Охрид и татковината Македонија, напиша градоначалникот Кирил Пецаков по повод 20 Ноември Светскиот ден на детето.

Наша обврска како Општина Охрид е да ги почитуваме правата и потребите на децата со ставање акцент на идеите за квалитетно образование, животна средина и квалитет на живот, како и општо сѐ за децата. Упатувам и апел до возрасните, да го слушнеме гласот на децата и да ги насочуваме кон реализација на нивните соништа! Нека сината боја на социјалните мрежи биде заедничката желба за посреќно детство! – вели Пецаков.

Додава дека пандемијата предизвикана од КОВИД-19 покажа како нееднаквоста влијае на правата на секое дете кои мора да се почитуваат согласно Конвенцијата за правата на детето на ООН.

OhridNews