Компанијата „ПејПал“ (PayPal) соопшти дека ги суспендира услугите за испраќање и примање плаќања во Русија.

Со цел да се минимизираат можните дополнителни прекини на услугите, ве молиме да го повлечете салдото од вашата сметка до 18 март 2022 година, се наведува во соопштението на „ПејПал“.

Поголем број западни компании ја прекинаа соработката со Русија поради инвазијата врз Украина.

OhridNews