Рестриктивните мерки кои беа донесени на 6 април од Владата за справување со пандемијата на коронавирусот се продолжени за недела дена и ќе траат до 27. Новитет е задолжителното тестирање на играчите, стручниот штаб и логистиката, пред секој натпревар во фудбалските и ракометните шампионати.
За да не биде прекинувањето опција се погрижија националните федерации, кои веднаш прифатија на свој трошок да ги покријат задолжителните ПЦР тестови за секоја екипа. Фудбалската федерација на Македонија ќе ги покрие трошоците за ПЦР тестови во Првата, Втората и Женската лига, додека Ракометната федерација на Македонија ќе ги покрие за суперлигашите, прволигашите и женските.
Ова значи дека фудбал и ракомет ќе се игра викендов во Македонија и покрај дополнителните мерки, кои беа донесени на седницата од Владата.
OhridNews