Зголемено ниво на афлатоксинот  е отркиено во три пратки пченка, испорачани во текот на декември минатата година од Србија и Романија на производителите на сточна храна во Холандија, соопшти холандската Агенција за безбедност и храна.

Како што информира портпаролот на оваа Агенција, иако е забележано зголемено ниво на оваа канцерогена состојка, опасност по здравјето на луѓето нема.

Пченката во која е откриено зголеменото ниво на афлатоксинот е користена главно за производство на храна за свињи, заедно со други состојки.

Инаку, мината седмица германските официјални претставници соопштија дека откриено е зголемено количество на оваа состојка во сточната храна произведена и увезена од Србија.

OhridNews