Научниците од австралискиот универзитет Квинсленд откриле дека пчелите знаат да бројат до четири. Обележале пет места во тунел и на едно од нив ставиле нектар. Пчелите летале до местото со храна, а тоа продолжиле да го прават и кога храната била отстранета.


– Кога пчелите еднаш ќе запаметат дека треба да одат на трето место, летаат таму и понатака. Но способноста за броење им е мала. Не можат да бројат повеќе од четири, изјавил Менди.
– Мозокот им е многу мал, но често импресионираат. Имаат многу способности како и ние луѓето.