Пчелите и цвеќињата комуницират благодарение на електрицитетот, тврдат британските научници во студија која ја објавило списанието “Science Express”. Имено, цвеќето емитува слабо електрично поле кое на инсектите им сигнализира присуство на нектар. Научниците објансиле дека овој феномен е резултат на разликата во електричниот набој на билките и инсектите. Пчелата има позитивен набој, додекаа цвеќето емитува слабо електрично поле со негативен набој кое делува како сигнал кој го испраќа до пчелата.

Кога пчелата ќе дојде во контакт со цветот, тој автоматски губи добар дел од својот електричен набој. Доколку цветот е наелектризиран, тоа значи дека содржи нектар. Во спротивно, пчелата добива информација дека нектарот е потрошен и дека треба да побара друг цвет. Да би дошле до овие резултати, истражувачите посматрале повеќе од 200 пчели за време на собирањето полен од цвеќињата.