Нелојална конкуренција, намалени количини по пчелно семејство, но и нови паразити се само дел од проблемите со кои се соочуваат пчеларите во Охридскиот регион. Посочуваат на потребата од позачестени инспекциски контроли, но велат и немаат организиран откуп и конкурентни цени за извоз.

Се соочуваме со нелојална конкуренција на увозен мед, фалсификуван на пазарите и апелираме до инспекции да прават многу позачестени контроли. Воедно во моментов имаме болести кои се неодминат дел од пчеларењето, но во најава се и два нови паразити со кои ќе треба допрва да научиме како да се справуваме. Фактот дека климатските промени си го земаа својот дел се одразува на намалени количини мед по пчелно семејство. Ако во 90-тите години енормно лоша година било кого ќе се извадело по 20 кг по пчелно семејство, ние денес со 10 кг сме можеби и задоволни на некој начин, вели Наум Трпчески, претседател на Здружението на пчелари Охрид.

Посочува дека добиваат 600 денари годишна субвенција по пчелно семејство, а има и дополнителен додаток ако пчеларникот е во некое рурално подрачје. Воедно, вели сите кои се регистрирани за производство на примарни пчелни производи имаат 200 денари додаток на пчелно семејство.

За жал, немаме организиран откуп на пчелни производи бидејќи се соочуваме со енормен увоз на ефтин мед од сиромашни региони како што се Молдавија, Украина, Кина. Не сме конкуретни со цена за да можеме да извезуваме на странски пазари, а пласманот го правиме на домашните пазарите, локалните маркети. Зависно од кој регион е медот, кај нас во Охрид се продава по цена од 600 до 700 ден е килограм мед.

Потенцира дека имаат соработка со поголем дел од овоштарите во поглед на тоа дека ги информираат кога вршат прскање за да тие ги затворат навремено пчелните друштва, со цел да се спречи помор на пчелите бидејќи, истакнува, дирекно е ошететн пчеларот, но и овоштарот бидејќи излетничката пчела му е главен адут за опрашување на цветовите на овошките.

Условите се далеку од идеални за одгледување пчелни, зависи од региони. Се трудиме со засадување на медоносни растенија, едуцирање на населението, подигнување на свеста да ја омасовуваме племенитоста на природата, а со тоа и придобивките од пчеларењето, додава Трпчески.

Инаку, во регионот на Охрид и Дебрца има околу 350 пчелари.

Н.С.Ј.