Граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца соодветно да ги заштитат истите, бидејќи на ден 20.08.2015год . (четврток) ќе се врши вонредно прскање против комарци во координација со Министерството за здравство, апелираат од Одделението за епидемиолошка дејност при Центарот за Јавно здравје.
Авионска адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Далјан.
На територијата на општина Дебрца ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништап по течението на реката Сатеска , како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.
-Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. – стои во известувањето.
Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата, велат од Одделението за епидемиолошка дејност. Надлните уште информираат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За дополнителни информации и прашања отворен е и телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид: 046/ 231 881 и 230 231.
OhridNews