Локалната самоуправа најави дека на 9 јули ќе спроведе земјено запрашување против комарци.

Општината ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид соодветно да ги заштитат истите. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во вторник до 06 часот во среда.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, информира локалната самоуправа.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, соопшти локалната самоуправа.