Пензионираниот учител од Малток, Британија, Мајкл Линч (64) после 40 години одгледување пчели сватил дека е алергичен на нивниот отров.

Линч неодамна колабирал откако го каснала пчела во образ. Специјалисти после повеќе испитувања заклучиле дека искусниот пчелар е алергичен на нивниот отров. Сега лекарите го лечат со пчелин отров за да стекне имунитет.


– Одгледувам пчели веќе 40 години, и кога некоја ќе ме каснеше потекував, во никогаш не обрнував внимание на тоа – вели Линч. Овој пат ситуацијата беше многу посериозна. Само после 15 секунди од каснувањето се појави реакција.

– За кратко време колабирав. Лежев така кратко време и бев потполно свесен што се случува. Штом собрав сила отидов до автомобилот, ги спуштив седиштата, и лежев уште 15 минути. Веднаш потоа отидов на лекар, каде утврдија дека сум алергичен на пчелин отров.