Според полицијата, вчера околу 18 часот, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркингот на улицата „АСНОМ“ во Охрид, кој го користи ЈП „Комуналец – Механизација“, каде било паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, претходно одземено од пајак службата на претпријатието.

Откако го отклучил, заминал со него. Се работи на расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

OhridNews