Ова југо за жал не го виде навреме шлеперот на семафорите кај “Охридска банка“. Во сударот што се случи вчера попладне нема повредени, а матерјалната штета е незначителна. Шлеперот речиси да немаше ни гребнатинка, а на југото му настрада предницата.

Поради малиот судар сообраќајот извесно време на фрекфентната раскрсница се одвиваше отежнато. Увид на местото на несреќата изврши  сообраќајната полиција, по што беше нормализиран сообраќајот.