Деновиве во Охрид бележиме засилена раздвиженост на органите на редот и мирот. Полицијата ја има речиси на секое ќоше. Не е ни чудо се случуваат немили настани, сообраќајки, паркирање на погрешно место, возење нерегистрирани возлила и се разбира управување моторцикли без кацига. Казни фрчат насекаде. Граѓаните се изненадени од ригорозноста на полицијата, но едноставно таа си ја врши својата работа. Се надеваме неселективно. Дали засилената активност на полицијата ги дисцилинарала граѓаните ќе покаже времето, но многумина деновиве се најдоа во небрано. Закон си е закон, гледај да не те закачи.


Пази полиција !

Ohridnews