Ништо ново ќе рече некој. Па тоа е само уште една од многуте отворени шахти во градот кои се секојдневна закана за минувачите. Посебноста на оваа шахта е што се наоѓа на само две три метра од општинската зграда во центарот на градот.

Крај неа секојдневно поминуваат административците од општината и се паркираат автомобили. Заштитена е со суви гранки.

Оваа шахта е само една од десетиците „жртви“ на крадците на капаци кои завршуваат на нелегалните, а често и на легалните отпади како старо железо. Неодамна Собранието донесе нов Закон за работа на претпријатијата за отпад со кој се забранува откуп на украдени материјали. Колку тоа ќе смени нешто останува да се види.

Г.М.