Откако потрошија месец и половина за преговори и пазарења околу распределба на функциите, новите советници денеска ќе ја одржат првата работна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на претседател на Советот.

Како што веќе објавивме, СДСМ тврди дека го има мнозинството во Советот. Неофицијално, партијата која освои 7 советнички места договорила коалиција со сите други партии и независни советници, освен со ВМРО ДПМНЕ.

Деновиве социјалдемократите лицитираа и со имиња за претседател на Советот. Но, свој есап има и ВМРО ДПМНЕ од каде исто така тврдат дека имале успешни преговори за формирање мнозинство и претседател на советот. Кој со кого се договорил, кој губи а кој добива, ќе покаже денешната седница по која останува да се надеваме дека народните избраници конечно ќе се зафатат со решавање на реалните проблеми на граѓаните, онака како што ветуваа за време на изборната кампања.

Ohridnews