Новото пазариште во Охрид сеуште чека зелено светло од Министерството за транспорт и врски кое треба да го одобри урбанистичкото решение за просторот каде сега се наоѓа пазарот.
Според ГУП таму треба да се гради супер модерен деловен комплекс со затворен пазар. Идејното решение предвидува и изградба на катна гаража за 400 возила. Целокупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра.
Од општината велат дека финансиската конструкција е заокружена, но се чека на одобрение од надлежното министерство, поради што урбаниситичкото решение кое се однесуваше на пазрот беше повлечено од дневен ред на последната седница на советот.
Г. Момироски