Од денес влегувaат во сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед и Одлука за утврување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и трговија на мало, a ќе траат до 30 април 2025 година.
Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од денеска се на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките во рамки на нивните надлежности, посочуваат.
Согласно Одлуката за ограничување на бруто профитна маржа во трговија на големо и трговија на мало, се ограничува бруто профитната маржа во трговија на големо и трговија на малона 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи и тоа:
- 5% бруто профитна маржа на основите осум прехранбени производи (млеко,леб, брашно,тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко),
- 10% бруто профитна маржа на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранби производи (месо и преработкиодмесо, шеќер,млечнипроизводи, маргарин, путер, конзервиранизеленчук иовошје, грав, ориз, тестенини),
- 15% бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигена (свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго).
Согласно Одлуката за утврување на највисоките цени за одделни производи во трговија на големо и трговија на мало, утврдени се највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи производи (млеко,леб, брашно,тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и киселомлеко) во трговија на големо и трговија и трговија на мало при што како највисока цена се утврдени цените кои што се применувале на 1 февруари 2025 година.
Исто така согласно Одлуката за ограничување на бруто профитна маржа во трговија на големо и трговија на мало, трговците имаа обврска производите кои се опфатени во истата и кои кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе”, кој е објавенна веб – страницата на Министерството за економија и труд.
Трговците за вршење дејност трговија на големо и мало имаат обврска производите кои се содржани во Одлуката да ги прибавуваат и продаваат месечнo на потрошувачите, во количина од најмалку 70% од количината прибавена во месец јануари 2025 година. Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две Одлуки се движат од 500 до 10.000 евра, потенцираат од Државниот пазарен инспекторат.
Н.С.Ј.