Охриѓани навикнаа пред секој Велогден да купуваат поскапа храна. Цените кои ионака растат со месеци наназад, во очи големиот христијански празник Велигден доживуваат кулминација. Поскапено е речиси се, а најмногу храната на зелениот пазар.


Пазарот во Охрид деновиве изгор

Цената на свинското и телешкото месо речиси и да не претрпе поголеми корекции, а цената на јагнешкото кое вообичаено се продаваше поскапо за празникот паѓа. Минатата недела килограм јагнешко се продаваше по цена од 320 до 340 денари за килограм. Денеска килограм јагнешко може да се купи за 280 денари за килограм. Затоа пак осетно се зголемени  цените на заленчукот и овошјето на градскиот пазар. Килограм патлиџан кој само пред неколку дена беше 70-80 денари сега се продава за 90 односно 100 денари, краставицата е 70 денари, младиот компир 50, јајцата 210 денари и.т.н.


цените отидоа нагоре за 10 до 20 денари

Цените се зголемени за 10 до 20 денари признаваат пазарџиите. Тие очекуваат екстра заработка за Велигденските прзници кога во Охрид се најавува прилив од неколку илјади туристи. Граѓаните се револтирани од односот на трговците кои според нив претеруваат со празничните поскапувања. Цените за Велигден треба да паѓаат, а не да растат за да може секој да си дозволи празнична трпеза, коментираат охриѓани.


цените на пазарот не се фер велат охриѓани

Г. Момироски
фото: Васко Бујароски