Продавачите на зелените пазари нема да мора да издаваат фискални сметки додека Македонија не влезе во Европската Унија. Дотогаш на државата ќе и’ плаќаат “паушал“ чиј износ допрва ќе се утврди.

Владата одлучи да се повлече по заканите на “пазарџиите“ дека ќе ги затворат тезгите ако инспекцијата продолжи да ги казнува поради неспроведување на фискализацијата.

– Ваквата одлука им дава преоден период на пазарџите се до влезот на Македонија во ЕУ, по што ќе следува целосна фискализација на пазарите. Пазарџиите прво треба да ги видат продобивките од овој процес. Имаме разбирање за социјалната положба на овие луѓе – изјави вицепремиерот Зоран Ставревски.

ohridnews