Поддршката од трибините во клучните моменти од натпреварот одигра значајна улога во триумфот на Охрид над Пелистер во петтата рунда од Супер лигата.
– Искрено, слушав многу убави зборови за охридската публика, но не очекував ваков жар на трибините. Тие ни пренесоа енергија каква што ни требаше во решавачките моменти од натпреварот. Сите сме среќни што успеавме да им возвратиме и да ги израдуваме со победа и добра ракометна престава. – рече Дарко Павловиќ.
Тој со шест погодоци беше втор стрелец во екипата позади Мите Караиванов кој реализираше седум голови.
Со триумфот над „зелено белите“, охридските сини ја зголемија победничката серија на три мечеви пред дуелот со тимот на Металург.
Победа на Охрид на премиерата во „Билјанини Извори“
Мх.П.