За ДУИ би гласале 7.3 од испитаниците, а 3 проценти би гласале за ДПА. За Нова демократија би гласале 1.1 процент од испитаниците, додека другите партии имаат доверба од испитаниците под 1 процент.
Околу 21 процент од испитаниците немале одговор на ова прашање, а 27.3 проценти не би гласале за ниедна политичка партија.
Најмногу доверба испитаниците имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски 23,9, а 9.2 проценти од испитаниците својата доверба му ја дале на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ добил доверба од 7.4 проценти , а лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи, 2.5 проценти. Имер Селмани добил доверба од 1.6 проценти.
Околу 42 од испитаниците не му веруваат на ниту еден политичар.
Истражувањето било спроведено телефонски во периодот од 21 јануари до 23 јануари на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.
извор:„Макфакс“