Граѓаните не го оправдуваат бојкотот на парламентот, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе институтот „Павел Шатев’.

Според анкетата спроведена во периодот од 11 до 14 март над 1000 испитаници, 67,60% од анкетираните не оправдуваат бојкот на парламентот, додека 23,60% го поддржуваат.

Во анктета 58,6 отсто од испитаниците се изјасниле дека би излегле на евентуалните предвремени парламентарни избори и во случај СДСМ да ги бојкотира истите, 30,4 отсто одговориле дека во тој случај нема да излезат да гласаат, а 11 проценти немале став по ова прашање.

Мнозинството испитаници, или 61,2 отсто сметаат дека во Македонија има политичка криза поради бојкотот на опозицијата на парламентот.

OhridNews