Возбудувањата во Супер лигата се ставени во мирување поради настапите на репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година.


Десетдневната пауза е повеќе од посакувана за охридскиот ракометен клуб, кој имаше три натпревари во седум дена забележувајќи две победи и пораз.

Паузата не е добре дојдена поради згуснатиот распоред туку повредите кои го мачеа составот на Охрид изминатит период.

Трите натпревари повредени ги одиграа левото крило Крсте Андоновски и Костантин Вешоски, а на повреди се пожалија голманот Кирил Колев и Бојан Белевски.

После одморот „гладијаторите“ ќе се соочат со втората екипа на Металург, која сериозен ривал на охриѓани за местата кои водат плеј офот.

Потоа охриѓани ги очекува „домашна“ задача во Билјанини Извори со екипите Работнички и Прилеп.

Мх.П.