Двонедалната пауза во холандскиот пливачки шампионат добро му дојде на Димитар Камнаровски. Тој во Ехт настапи во пет дисциплини и во сите ги подобри личните рекорди.


Камнаровски се натпреваруваше во 4 пати по 50 метри (делфин, грбно, градно и машки) и во сите дисциплини поединечно во генерација 1999-2000 година.

Во дисциплината делфин Каманровски исплива (32.45), грбно (30.12), градно (36.85) и машки (27.23)

На осми март Камнаровски има нов настап во лигата, а на 15-ти во Ајндховен ќе плива за лимите за учество на државно првенство.

Ohridnews