Фудбалерите на ФК Охрид Исаку Бесарт и Абди Едис добија суспензии поради црвените картони добиени на мечот против Нов Милениу.

Исаку поради втор жолт картон ќе паузира на 1 (еден) натпревар додека Абди поради директниот црвен картон добиен поради неспортска игра ќе пазуира на 2 (два) натпревари.

Покрај овие двајца поради три жолти картони и капитенот Маркоски ќе го пропушти саботниот дерби натпревар против Бргеалница во Штип.

М.П.