Прекинот на сезоната, одложените турнири и неизвезноста за продолжување, Рожер Федерер ги искористи да го оперира коленото кое му правеше чести проблеми изминативе години.
Швајцарецот токму поради повредата на коленото беше аут од Австралија Опен каде последен пат настапи на официјален натпревар. Федерер направи една операција, но ќе мора уште една бидејќи првата не ги дала потребните резултати.
Бидејќи доживеав неуспех за време на мојата првична рехабилитација, морав да направам дополнителна операција на десното колено. Ќе ми недостигаат фановите и турнирите, но ќе го пребродам и овој период и се надевам дека на почетокот од 2021 ќе бидам 100% подготвен за враќање на терените. – изјави Федерер.
Швајцарецот има полни 38 години и продолжението на кариерата зависи од втората операција и рехабилитацијата.
OhridNews