Ракометарите на Радовиш претрпеа минимален пораз во Охрид, но им создадоа сериозни проблеми на домашните ракометари да стигнат до победата.

– Спортистот ако ја посакува победата на еден натпревар мора да одигра безпоштедно и да се бори до последен здив. Неколку стиници во финишот од мечот го решија натпреварот, но, како и да им честитам на охридските ракометари за победата – рече Славјан Паунов.

Гостинскиот голман собра 11 интервенции, но ги освои симпатиите на сите во „Билјанини Извори“ откако поголем дел од мечот бранеше со расекотина на лицето.

Мх.П.